1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уништување на тропската шума

СН/ агенции
25 април 2019

Милиони хектари тропска шума ширум светот исчезнале во минатата година. Виновни за тоа се нелегалната сеча и шумските пожари, се вели во најновата студија на проектот „Глобал Форест Воч“.

https://p.dw.com/p/3HNwf
Brasilien l Zerstörung des Regenwaldes in Para
Фотографија: Misereor/Florian Kopp

Според студијата, во минатата година во светот е уништена тропска шума речиси со големина на територијата на Англија, односно околу 12 милиони хектари. Речиси една третина од нив била недопрена примарна прашума.

Според студијата, уништувањето напредува многу брзо. Секоја минута ширум светот исчезнуваат 30 фудбалски игралишта од тропска шума.

Уништувањето е најголемо во Бразил, а по него следуваат Малезија и Мадагаскар. Студијата укажува на тоа дека тропските шуми се од непроценливо значење за Земјата, бидејќи нудат животен бростор за безброј видови растенија и животни. Но во прв ред тие го акумулираат јаглерод диоксидот од атмосферата и со тоа имаат огромно влијание врз климата.