Спорт
Фотографија на денот: Уништена статуа на Ибрахимовиќ
6 јануари 2020Реклама
Непознати лица ја исекле статуата над стапалата. Освен тоа, главата на три местри високата статуа била завиткана со црна маица, а на плочникот со спреј е напишано: „Отстранете ја!“. Ибрахимовиќ потекнува од проблематичниот кварт Росенгард во Малме и своите први години како професионален фудбалер ги помина во Малме ФФ. На крајот на ноември минатата година тој најави дека ќе стане сопственик на акции во стокхолмскиот клуб Хамарби ИФ, што предизвика голема лутина во Малме. Оттогаш статуата на Ибрахимовиќ, инаку поставена во октомври, е оштетена повеќепати.