1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: УНИЦЕФ-фотографија на годината

ЕМФ
23 декември 2021

Фотографијата на годината на УНИЦЕФ ги прикажува последиците од уништувањето на животната средина и промените на климата за децата во делтата на реката Ганг.

https://p.dw.com/p/44jmd
UNICEF Foto des Jahres 2021 - Im Auge des Sturms
Фотографија: Supratim Bhattacharjee, Indien

На победничката фотографија на Супратим Батачарје е прикажана „немоќта, но истовремено и решителноста на едно девојче соочено со бесот на природата“, соопшти УНИЦЕФ. Претходно, циклон во Бенгалскиот залив го уништил шанкот на нејзиното семејство за продавање чај. Со тоа била уништена и егзистенцијата на семејството.

Погледот на девојчето не може да го стави рамнодушен никого, изјави покровителката на УНИЦЕФ, Елке Биденбендер, сопруга на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. „Победничката фотографија од нас бара да размислиме за последиците од начинот на којшто живееме и да го промениме тоа“, рече Биденбендер.

Индискиот фотограф Супратим Батачарје во својата работа се занимава со еколошки теми и проблеми од сферата на човековите права. Тој во регионот погоден од циклонот отпатувал ден по катастрофата. Во комплетно уништеното село Фрасерганџ луѓето оделе избезумени и се обидувале да го спасат од водата она што може да се спаси. „Палави, девојчето на фотографијата, е едно од нив“, вели фотографот. Единаесетгодишната Палави се обидувала да ја задржи смиреноста и храброста: „Нејзината силна личност, која се спротивставува на уништувачкиот пораст на водата, ме натера да ја фотографирам“, вели Батачарје.