Фотографија на денот: Светски ден против сида
1 декември 2017Реклама
Кој не ја знае црвената панделка? Низ целата земјина топка таа е симбол на солидарноста со ХИВ-позитивните луѓе. 1 декември е Светски ден против сидата, кога бројни организации го свртуваат вниманието на јавноста кон оваа болест. Годинешната кампања е насоечна кон разградување на стравот и на стигмата во општеството, со цел да се покаже дека луѓето со и без сида можат заеднички да живеат и дека не постои никаква причина за дискриминација на заразените. #ФотографијаНаДенот