Сакате Ангела Меркел од марципан?
15 септември 2021Реклама
По 16 години на чело на германската влада, канцеларката Ангела Меркел заминува од политиката. Производител на марципан од Оденвалд сака простувањето од канцеларката на нејзините фанови да им го заслади со посебен сувенир. Марципанскиот сувенир со ликот на канцеларката има рок на траење од две години, значи конечното простување од Ангела Меркел може да се пролонгира, како што истакнува намигнувајќи шефот на манифактурата, Томас Цубер. Бројот на произведени марципански примероци со ликот на канцеларката е ограничен на околу 500, значи вистинските симпатизери на Меркел треба да побрзаат ако сакаат да го имаат.