Фудбал
Сагар ќе ги прогнозира резултатите на Мундијалот
13 јуни 2018Реклама
За време на Светското првенство во Русија, дивата мачка треба како животински претскажувач да го типува победникот на секој натпревар на Мундијалот. Сагар имено ќе одбира меѓу две топки на кои ќе бидат залепени државните знамиња на репрезентациите кои ќе го играат мечот. Инаку животните како фудбалски претскажувачи веќе имаат богата традиција. Покрај прочуениот октопод Паул, кој со неговите прогнози за СП во 2010 стана ѕвезда, како фудбалски експерти се обиделе и коали, слонови, видри...
На нив потсетуваме во следнава галерија: