1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Разладување

19 август 2020

#ФотографијаНаДенот која доаѓа од Косово - мечка се разладува во засолништето за мечки, кое се наоѓа покрај езерото Бадовац, во близина на селото Мрамор, кај Грачаница.

https://p.dw.com/p/3hAbW
BdTD Kosovo Abkühlung im Bärenschutzgebiet
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Nimani

Засолништето, или како што го нарекуваат уште и азил за мечки, е едно од неколкуте во Европа, а од вчера е затворено за посетители поради рестриктивните мерки во време на пандемија.

Азилот „Четири шепи“ е изграден во 2012 година, откако на Косово стапи на сила законот за заштита на животна средина. За една мечка да може да престојува една година во овој азил, потребни се над 3500 евра. Повеќето од жителите во азилот имаат поминато и по една третина од животот (просечен животен век на мечка е околу 30 години) во заробеништво. Тие се одземени од сопствениците кои ги држеле главно како атракции во кафези пред свои ресторани.