1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Радоста на Панама

СН/ агенции
25 јуни 2018

Тие се дефинитивно најслабата репрезентација на Мундијалот во Русија и веројатно еден од најслабите тимови во историјата на Светските фудбалски првенства. Но ништо не беше пречка за френетично славје на дебитантскиот гол

https://p.dw.com/p/30Csn
Russland WM 2018 | Fans Panama | Freude nach erstem Tor
Фотографија: imago/ZUMA Press/M. Konstantinov

„Најважно е да се учествува“- водени од оваа максима и со примерен контакт со реалноста, љубителите на фудбалот во Панама на стадионот во Нижни Новгород но и во татковината од сѐ срце се израдуваа на голот на капитенот Фелипе Бала во натпреварот против Англија, кој нивната репрезентација го загуби со 6:1. Тоа беше прв гол за Панама на Светските првенства. Иако дебитантскиот настап нема да помине славно, фудбалерите се веќе херои во земјата.