Фудбал
Незаборавна фешта за вицешампионите
17 јули 2018Реклама
На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа преполнетиот плоштад Бан Јелачиќ во Загреб на кој се одржа главната програма на дочекот на хрватската фудбалска репрезентација по историскиот успех на Мундијалот во Москва. Огромната еуфорија им помогна на десетиците илјади луѓе на плоштадот да истрајат во чекањето. Имено автобусот со светските вицепрваци цели шест часа се пробиваше низ улиците на Загреб на кои според хрватските медиуми имало половина милион луѓе.