1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: молња над Бамберг

3 август 2017

Изминатиот месец јули бил „највлажен“ мецес во изминатите 30 години во Германија. На места наврнале преку стотици проценти дожд повеќе од просекот во минатите години.

https://p.dw.com/p/2hbuL
BdT - Blitz über Bamberg
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer

Летото во Германија често е врнежливо и прилично студено, но оваа година врнежите се посебно обилни. Изминатиот месец јули бил „највлажен“ мецес во изминатите 30 години. Во Нојрупин во Бранденбург на пример паднале 162 литри дожд на квадратен метар, 300 проценти повеќе од просекот во 1981. година. Метеоролозите велат дека ова е последица на промената на климата, треба и во иднина да се очекуваат чести невремиња. На #ФотографијатаНаДенот се гледа секавица над градот Бамберг.