Историја
Фотографија на денот: Легендарниот Темпелхоф
23 ноември 2017Реклама
За време на Студената војна, градскиот аеродром во германската престолнина во текот на советската блокада на тогашен Западен Берлин беше средиште на таканаречениот Берлински воздушен мост. Западните сили тогаш доставуваа храна до луѓето во Западен Берлин на единствениот можен начин- од воздух, со илјадници летови дневно токму до Темпелхоф. На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа како воодушевени посетители на денот на отворени врати на Темпелхоф фотографираат еден од американските бомбардери, кои учествуваа во воздушниот мост.