1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кренат среден прст кој го разбранува Берлин

ЖА / агенции
16 октомври 2020

Берлинскиот сенат ја стопира анти-корона рекламната кампања, на која постара жена им покажува среден прст на неносителите на заштитна маска, а која предизвика бурни реакции во јавноста.

https://p.dw.com/p/3k0D7
#berlingegencorona Kampagne Senat Berlin Maskenverweigerer
Фотографија: #berlingegencorona

„Подигнатиот среден прст за сите без маска“ заминува, но кампањата на сенатот и „Визит Берлин“ за носење маска во јавноста ќе продолжи, како што најави Кристијан Тенцлер, портпарол на туристичко-маркетиншката организација. Спорниот мотив и онака беше предвиден за еднократно објавување во берлинскиот „Тагесцајтунг“ и весникот „Билд“, намерата беше да провоцира внимание и да ја отслика директноста и уникатната смисла за хумор на метрополата, а целта е постигната, истакна Тенцлер. Тој истовремено се извини ако се почувствувале навредени луѓе кои од медицински причини не смеат да носат маска, тоа е една од причините за прекин на користењето на мотивот. Но, тој веќе широко се прошири преку социјалните мрежи, предизвикувајќи поделени реакции.

Туристичката служба на Берлин и целиот сенат се најде под вкрстен оган поради плакатот со кој предупредува на придржување кон корона-правилата за носење покривка на носот и устата. Градоначалникот Михаел Милер призна дека сигурно постоеле поприкладни можности да се апелира до граѓаните, но смета дека не е настаната поголема штета.