Наука
Кинескиот робот патува на Месечината
24 ноември 2020Реклама
Ракетата без посада „Долг марш 5“, успешно полета од космодромот Венчанг на островот Најнан во Кина. Во мисијата „Чанг Е-5“ специјалниот робот би требало да собере примероци од камења од површината на Месечината, но и во длабина од два метри и да ги донесе на анализа на Земјата. Првпат од 1970 година некоја држава испраќа мисија која има за цел собирање лунарен материјал. Пред Кина тоа го направија САД и Советскиот Сојуз.
Вселенското летало се очекува да ги врати примероците на Земјата за 23 дена. Кина минатата година реализираше свое прво беспилотно слетување на Земјиниот сателит.