Какво ќе биде времето?
16 јуни 2018Реклама
Второто и само за нијанса помалку важно е: Какво ќе биде времето во Германија? Жештина и жега на една, невреме и пороен дожд на друга страна. Во изминатите недели екстремните временски услови ги одбележуваа деновите не само во Македонија туку и во Германија. Но како ќе биде утре на мундијалскиот старт на Германија, со оглед дека голем број Германци, се подготвуваат, да го проследат мечот на отворено. Во поголем дел од земјата, за жал се прогнозира дожд и невреме, а на навивачите во западните делови на Германија веројатно ќе им се посреќи сонце :).