На Бајден му е потребна уште една држава за победа
5 ноември 2020Се очекува резултатот од сојузната држава Невада, која на Бајден би му донесла 6 електорски гласови и би значела одлучувачки чекор до потребните 270 за влез во Белата куќа. Според медиумите, Бајден досега има 264, а Трамп 214 електорски гласови.
Бајден настапи победнички и полн оптимизам во Делавер: „Веруваме во победа кога ќе бидат пребројани сите гласачки ливчиња", изјави Бајден.
Истовремено, изборниот тим на претседателот Доналд Трамп води битка со помош на правни средства, во Висконсин сака да издејствува наново пребројување на гласовите, а со тужби да го запре натамошното броење гласови во Мичиген, Џорџија и Пенсилванија. На Твитер Трамп обвини за наводно „исчезнување" на републиканските гласови на избирачите, без да презентира докази.