Фотографија на денот: Затемнување на Месечината
16 мај 2022Реклама
Потребни беа слободен поглед, среќа со времето и пред сѐ рано будење - изутринава можеше да се набљудува затемнувањето на Месечината.
Глетката е фасцинантна: сенката на Земјата се движи над Месечината и ја затемнува. Затемнување на Месечината теоретски требаше да биде видливо и во Германија, но во пракса тоа беше тешко, зашто Месечината на почетокот на тоталното затемнување се наоѓаше прениско на хоризонтот, а освен тоа на многу места не беа поволни и временските прилики. Освен тоа, веќе беше и разденето.
Таканаречената „крвава Месечина“ беше добро видлива пред сѐ во САД. На оваа фотрографија е фатен моментот на затемнување на Месечината на небото над Ирвиндејл, Калифорнија.