1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жешко, пожешко, најжешко

26 јули 2018

Германците доживуваат турбо-лето. Најжешко е во големите градски центри, каде ни ноќе температурата не се спушта под 20 степени. Многумина спас бараат во езерата и реките.

https://p.dw.com/p/324Ln
BdT  Sommer in Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Оваа недела во Германија владеат големи летни горештини, температурите растат ли растат. Трендот продолжува, утре се очекуваат температури до 38 степени Целзиусови. Најжешко е во големите градски центри, каде ни ноќе температурата не се спушта под 20 степени. Многумина спас бараат во езерата и реките. На #ФотографијаНаДенот: девојка се разладува на зајдисонце во водите на Тегелер Зе, второ по големина езеро во главниот град Берлин.