„Жетвата“ на медали започна
24 јули 2021До големото финале на Летни олимписки игри на 8 август 2021 година, околу 11 илјади спортисти ќе се борат со златото, среброто или бронзата.
Медали можат да се освојат во вкупно 33 спортови, а злато ќе биде доделено точно 339 пати.
Првиот златен медал на Олимпијадата веќе го освои кинеската репрезентативка во стрелаштво Кијан Јанг, откако триумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.
Повеќе:
-Токио 2020: „Проколнатата“ Олимпијада проследена со скандали
-Фотографија на денот: Старт на „пандемиската“ Олимпијада
-Олимпијадата без публика е добра одлука
Јанг до златото стигна буквално со последниот истрел, а на крајот славеше со 251,8 кругови што е нов олимписки рекорд.
Сребрениот медал го освои Анастасија Галашина (251,1) од Русија, додека бронзата и' припадна на Нини Кристен од Швајцарија (230,6).
Денеска освен во стрелаштво треба да бидат доделени и медали и во велосипедизам, мечување, теквондо, џудо и кревање тегови .