Фотографија на денот: Деца во војна
27 април 2022Јехор е едно од децата кои се останати во Украина и страдаат во војната. Досега од земјата се избегани над пет милиони луѓе, од кои најголем дел се деца и жени. Во самата Украина, пак, се раселени околу 7,7 милиони луѓе, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН.
Војната, според советникот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович, би можела да трае со месеци. Во Јутјуб-интервју Арестович вели дека доколку активните воени дејствија по актуелната офанзива во Донбас прекинат и бидат заземени позиции, тоа ни оддалеку не значи крај на војната. Агенцијата Униан ги пренесува зборовите на Арестович дека оружјето кое го добива Украина би можело до крајот на мај, почетокот на јуни, да има „сериозно влијание“ врз воените случувања. Војната би можела да трае до крајот на годината, оценува советникот на украинскиот претседател.