1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Гуливер од песок

16 август 2019

Оваа рака е само дел од огромна скулптура на Гуливер, направена на Меѓународниот фестивал на скулптури од песок во Израел.

https://p.dw.com/p/3NzLe
BdTD Israel Sandskulpturen-Festival in Ashkelon
Фотографија: Reuters/A. Cohen

Џиновска рака која изгледа како да ќе го дофати алатот со чија помош е создадена: оваа #ФотографијаНаДенот е направена на првиот Меѓународен фестивал на скулптури од песок кој се одржува во израелскиот град Ашкелон. Таму посетителите имаат прилика да видат навистина интересни дела. Раката инаку е дел од огромната песочна скулптура на Гуливер, лик од познатиот роман на Џонатан Свифт. Фигурата е висока два, а долга е девет метри.