1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Гори околу другиот Лас Вегас

СН/дв
6 мај 2022

Во југозападниот дел на САД повторно беснеат бројни шумски пожари. Во моментов особено е погодена сојузната држава Њу Мексико.

https://p.dw.com/p/4Att8
BdTD USA | Waldbrände bei Las Vegas
Фотографија: Kevin Mohatt/REUTERS

Над 3000 пожарникари се обидуваат да ги угаснат пожарите во близина на Лас Вегас во САД. Но тука не станува збор за прочуениот Лас Вегас. Имено „престолнина на коцкањето и на забавата“ се наоѓа во сојузната држава Невада, а во моментов шумските пожари му се закануваат на далеку помалиот и понепрочуен град Лас Вегас во сојузната држава Њу Мексико.  Во меѓувреме, ваквите шумски пожари се речиси секојдневие за луѓето во југозападните држави на САД. Климатските промени создаваат најдобри услови за побрзо ширење на пожари, велат научниците.