Фотографија на денот: Голем пожар во Њујорк
10 јануари 2022Противпожарната служба соопшти дека во пожарот во населбата Бронкс има околу 60 повредени, од кои 32-ца се во животна опасност. Шефот на службата, Даниел Нигро, изјави дека чадот во зградата се ширел многу бргу, затоа што вратата во станот каде што избил пожарот била отворена. Голем дел од жителите на зградата имаат труење од чадот. Причината за пожарот, според Нигро, бил расипан електричен радијатор за греење.
Зградата во којашто изби пожарот е објект во кој се сместени сиромашни семејства, кои плаќаат ниски кирии. Бронкс е најсиромашен дел од Њујорк, во кој просечните приходи се далеку под просекот во Њујорк. Ричи Торес, пратеник на Демократската партија во чија изборна единица се наоѓа зградата, зборува за повеќедецениско неинвестирање во станови по поволни цени. Тоа претставува безбедносен ризик и овозможува вакви катастрофални пожари, оцени Торес.