1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Фотографија на денот: Големи поплави во Венеција

ЕМФ
13 ноември 2019

Венеција е погодена од најтешки поплави во последните 50 години. Плоштадот Свети Марко е целосно под вода, а водата им нанесе штети и на ѕидовите на базиликата Свети Марко.

https://p.dw.com/p/3SuoM
Überschwemmungen in Venedig
Фотографија: picture-alliance/M. Chinellato

Основните училишта и градинките во градот се затворени. Градоначалникот Луиџи Бруњаро зборува за „катастрофа“ и ги мобилизираше сите сили за спасување. Тој најави дека денеска ќе прогласи вонредна состојба. Сето ова се чини не му претставува голем проблем на јунакот на нашата #ФотографијаНаДенот. Тој не се откажува од перфектната поза во Венеција, макар и со вода до половината.