Фотографија на денот: Во редица за гориво
14 април 2022Реклама
Шри Ланка се наоѓа во една од најтешките економски кризи во последните децении. Во земјата не недостига само гориво, туку и храна и лекови. Шри Ланка е на работ на банкрот, а цените непрекинато растат. Со денови на улиците се протестира против државното раководство. Премиерот Махинда Раџапакса понуди средба со демонстрантите во обид да се смири нивниот гнев.