1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фолксваген да повлече 2,4 милиони автомобили во Германија

Саша Кваисер/ Ж. А. 15 октомври 2015

За Фолксваген станува уште полошо. Германската сојузна управа за моторни возила го принудува концернот да започне повлекување на 2,4 милиони автомобили со манипулиран софтвер за издувни гасови.

https://p.dw.com/p/1GotV
Фотографија: Imago/Schöning

Од оваа служба во северна Германија, во Фленсбург, стравуваат возачите, зашто тука се води регистер. Возачите добиваат казнени бодови за сообраќајни прекршоци, крајно е можно и одземање на возачката дозвола. Освен тоа, Германската сојузна служба за моторни возила одобрува учество на автомобилите во сообраќајот. Ретко се случува автомобилските производители да стравуваат. Но, тоа што сега службата му нареди на Фолксваген, тешко го погодува автомобилскиот гигант: 2,4 милиони возила во Германија мора да одат во автосервиси.

Целото видео погледнете го тука:

Возилата на Фолксваген принудно на поправка

Александар Добринт, министер за сообраќај на прес конференција изјави:

„Со одлуката на Сојузната служба за моторни возила, од Фолксваген се бара отстранување на манипулираниот софтвер од сите возила и преземење мери за запазување на важечките правила за емисиони гасови.“

Значи, повлекување во голем обем. Службата го одби предлогот на Фолксваген за доброволна поправка. Фолксваген неодамна предложи план за доведување во ред на возилата во Германија со вграден манипулиран софтвер. Концернот призна дека ги манипулирал емисионите вредности на своите дизел возила во САД со помош на софтвер. Во светот се возат 11 милиони возила со оваа компјутерска програма.