Фолксваген моли прошка во Конгресот во САД
8 октомври 2015Тешки моменти за шефот на американската филијала на Фолксваген-Михаел Хорн мора од американскиот Конгрес да бара прошка за манипулираните вредности на издувни гасови, кои на виделина излегоа пред три недели. Наводно, тој уште пред една недела знаел за фалсификатот. Европскиот најголем автопроизводител и натаму е во кризен модус, наводно, засегнати се и автомобилите на австралискиот пазар.
Целото видео погледнете го тука:
Така, Фолксваген е под притисок и во Австралија, каде е почната истрага. Концернот е под сомнеж за прекршување на законите за заштита на потрошувачите. Продажбата на дизел-автомобили веќе е запрена.
Се проценува дека во околу 90.000 автомобили бил вграден манипулативниот софтвер, двојно повеќе отколку што се претпоставуваше, вели автомобилскиот сојуз на земјата, обвинувајќи ја информативната политика на концернот.
Питер Кри, автомобилски сојуз на Австралија:
„Не знаеме ни како ќе биде организирана акцијата на повлекување. Знаеме само дека ќе се случи идната година. Тоа ја покажува важноста од тоа со целата работа да се зафати владата, ние едноставно веќе не можеме да му веруваме на автомобилскиот концерн.“
Фолксваген оваа година многу добро стартуваше во Австралија, исто како и во други земји. Но, скандалот, барем засега, ги поништи успесите.