Фејсбук ја презеде фирмата за препознавање ликови
19 јуни 2012Според медиумите, за преземањето Фејсбук платил 80 до 100 милиони долари. Околу 900 милиони корисници на Фејсбук секојдневно симнуваат во просек повеќе од 300 милиони фотографии за да ги разменат со своите пријатели.
Германските заштитници на податоците меѓутоа автоматското препознавање на ликот го сметаат за спорно и бараат социјалната мрежа да побара изричита дозвола од корисниците.
Фејсбук уште во 2010-та година воведе функции за автоматско препознавање на ликовите. Активисти за заштита на правата на податоците од Хамбург против Фејсбук поведоа и постапка заради заштита на приватната сфера. Постапката минатата недела беше прекината, откако Фејсбук најави подготвеност за придржување кон европските правила за користење биометриски податоци.