Фејсбук падна, па се врати
19 јуни 2014Паѓањето на Фејсбук предизвика вистинска паника и меѓу корисниците. Но, Фејсбук профункционира по одредено време, па милиони луѓе набрзо му се вратија на „стариот добар начин на губење време“.
Во времето кога не функционираше страницата на екранот имаше порака „Се извинуваме, нешто тргна наопаку“. Причината за падот на страницата не се соопштува. Не може ниту да се потврди точно колку време Фејсбук беше недостапен за корисниците, но се проценува дека социјалната мрежа беше вратена во функција по отприлика еден час.
Портпаролот на Фејсбук само рече дека корисниците биле спречени да постираат на социјалната мрежа „во краток временски период“.
„Го решивме проблемот бргу и сега сме вратени во функција 100 процентно. Се извинуваме за непријатностите што ова можеби ги предизвика“, стои во изјавата од Фејсбук.