1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук не им може ништо на писменцата

Сузана Сантина/Е.М.Фиданоска17 декември 2012

И покрај постоењето на Фејсбук и СМС-пораките, во германските училишта се‘ уште се праќаат пораки на ливчиња. Се разбира, се‘ е тајно, за време на наставата.

https://p.dw.com/p/16sMV

Мали ливчиња испишани од ученици за време на настава. Најчесто пораките се љубовни. И покрај Фејсбук и СМС-пораките, писменцата се се‘ уште омилени во германските училници. Некои се многу долги, други кратки. Потребата да се праќаат пораки под клупа е голема. Поранешниот наставник по математика Гинтер Хесенауер собрал околу 2.500 ливчиња, сите напишани додека тој предавал.

„Девојчињата пишуваат поубаво и повеќе отколку момчињата. Момчињата пишуваат кратки пораки. Девојчињата цртаат поубаво, цвеќенца, ведри композиции со убава облека, додека момчињата се ориентирани повеќе кон политички работи“, вели Хесенауер.

Zettel mit Herz auf Holz
Фотографија: Fotolia/N Media

Момчињата се посрамежливи. Со децении една иста игра - мали писменца кои се префрлаат од маса до маса. Особено омилен е системот на одбирање одговор. „Може ли на одмор да скокам со ластик?“, прашало, на пример, едно девојче пред повеќе од 30 години. Одгoворот на другарка и‘: „Не.“

Девојчињата до денес го користат методот на одбирање понуден одговор кога станува збор за момчиња. Лили објаснува:

„Кај работи како ’Сакаш ли да се видиме попладне?’, одговарам и со ’Да’, но кај работи како „Ќе се бакнеме ли?’, повеќе одговарам со ’Не’.“

Катарина пак, раскажува:

Symbolbild Post its Zettel Erinnerungen
Фотографија: Fotolia/NLshop

„Во четврто одделение имаше едно момче што постојано ми пишуваше и прво не одговарав, но подоцна почнав да одговарам и...“

„И што?“

„Непријатно е...“

Да, непријатно, и затоа е поедноставно да се напише писменце.

Катијас Реш, куратор на изложбата во Франкфурт посветена на писменцата под клупа, вели:

„Писменцата често имаат сериозна позадина. Тие создаваат врски, дефинираат врски, статус и хиерархија - ’Кој сум?’, ’Што можам?’, ’Што да правам, како стојам во групата?’‘

Вакви писменца постојат веројатно во цел свет. Во тоа учениците се секаде исти.