1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук го манипулирал текот на информaциите кај корисниците

АТ/ дпа29 јуни 2014

За целите на една студија Фејсбук ги манипулирал вестите кај корисниците. Целта била да се испита како се одразуваат позитивните или негативните вести на интернет врз луѓето. Студијата наиде на критика.

https://p.dw.com/p/1CSJ3
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пред еднаипол година Фејсбук свесно го манипулирал изборот на вести кои се покажуваат кај стотици илјади корисници. Со експериментот требало да се истражи, како се шират позитивни и негативни емоции преку мрежите.

Авторите на неодамна објавената студија дошле до заклучок дека луѓето кои гледале повеќе позитивни вести, повеќе тежнееле кон тоа и самите да објавуваат позитивни содржини, и обратно.

Во јануари 2013 година за една недела биле манипулирани „њусфидовите (Newsfeeds)“ на речиси 690.000 корисници на англиската верзија на Фејсбук. Според студијата софтверот анализирал преку три милиони записи, и преку зборовна анализа тие биле групирани според емоциите.

Покрај критиката за етичката страна на експериментот ова внесе сомнежи и во резултатот од студијата. Психолошкиот блог „Psych Central“ укажува на потешкотиите на користениот софтвер, расположението во еден запис да се категоризира само врз основа на поединечни зборови. Од Фејсбук засега нема реакција.

Студијата беше објавена на 2. јуни, но дури сега започна дискусија за неа по медиумските информации и критиката на интернет.

Во документот се наведува дека правилата за користење на податоци на Фејсбук, кои корисниците ги одобруваат допуштаат ваква постапка. „Њусфидовите“ на корисниците на Фејсбук секако се филтрирани преку алгоритми, за да не се преплават со информации.