Фејсбук го купува Окулус
26 март 2014Популарната социјална мрежа Фејсбук објави дека за две милијарди долари ја купува компанијата Окулус (Oculus), која е стара само две години, а произведува очила за виртуелни игри.
Ова уследи откако Фејсбук ја купи компанијата за услуги за праќање на пораки ВотсЕп, за сума од 19 милијарди долари.
Аналитичарите истакнуваат дека купувањето на Окулус претставува голем чекор, што Фејсбук го презема во очекување на идна голема промена во развој на технолошката индустрија, во време кога потрошувачите сѐ повеќе се насочуваат од компјутери кон паметните телефони.
Од Фејсбук истакнуваат дека технологијата на виртуелна реалност би можела да постане наредна социјална и комуникациска платформа.
„Историјата на нашата индустрија покажува дека на секои 10 до 15 години се појавува нова значајна платформа. Со овој потег долгорочно играме на тоа дека кацигата за виртуелна реалност ќе стана и виртуелна и вистинска реалност во еден дел од секојдневниот живот“, истакна основачот на Фејсбук, Марк Закерберг.
Тој истакна дека носењето на очилата на Окулус е „сосема поинакво од се‘ друго што досега искусил“.
„Освен досегашното користење на очилата за игри, постојат низа можности за нивна употреба, на пример при виртуелното учење или при виртуелна конверзација со лекар“, рече Закерберг.