1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

УНИЦЕФ ја избра „Фотографијата на годината“

СН/дв
23 декември 2020

На фотографијата се гледа како децата бегаат од запалениот бегалски камп Морија на островот Лезбос. Направена е од грчки фотограф.

https://p.dw.com/p/3n897
UNICEF Bilder des Jahres 2020 1. Platz
Фотографија: Angelos Tzortzinis/dpa/AFP via Unicef Deutschland/picture alliance

Фотографијата на Ангелос Цорцинис ја доловува храброста, запрепастеноста и несебичноста на децата во услови на огромна опасност и нужда во една потресна слика,  ја образложи својата одлука Фондот за деца на ОН. За Елке Буденбедер, поктовителката на УНИЦЕФ Германија, фотографијата направена на островот Лезбос е „итна опомена“.  Таа раскажува за драмата веднаш на нашиот праг. „Фотографијата нè соочува со нашата човечка должност: Ние во Европа конечно мора да најдеме одговор - исто така и за децата на Морија. Мора заеднички да сториме повеќе  за да внесеме надеж во нивните животи", побара сопругата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер .

На почетокот на септември се избувна катастрофален пожар во најголемиот бегалски камп на Егејот. Кампот Морија беше речиси целосно уништен. Илјадници жители беа префрлени во друг камп на Лезбос.