Уметност од светла
Ноќна прослава во живописни бои. Во моментов, Берлин е домаќин на два фестивали на светлина. Според проценките, секоја година „Фестивалот на светлината“ и „Берлин Илуминејтед“ привлекуваат околу 2 милиони посетители.
Столбот на победата
Викторија, божицата на победата, со својата грандиозност доминира над плоштадот „Голема ѕвезда“ во областа „Тиергартен“ во Берлин. Жителите на Берлин ја нарекуваат „Голделзе“ што во превод значи „златната Лизи“. Столбот на победата е еден од најпрепознатливите симболи на Берлин.
Универзитет Хумболт
Доколку по „Улицата под липите“ патувате со велосипедска рикша, сигурно ќе бидете изненадени од глетката кон поранешната палата на принцот Хајнрих од Прусија и нејзината светкава фасада.
Концертхус- концертната сала
Оваа структура, која е изградена во класичен стил, и нејзините препознатливи фонтани се претворени во сјајни сафири, а главниот плоштад на кој се наоѓаат е претворен во светлосна оаза на нивниот отсјај.
Плоштадот Жендарменмаркт
Со оваа проекција, салата за концерти „Концертхаус“ на плоштадот Жендарменмаркт, дизајнирана од познатиот архитект Карл Фридрих Шинкед, можете да ја видите во сосема ново светло. Осветлен е и споменикот на познатиот поет, историчар и филозоф Фридрих Шилер кој се наоѓа во близина.
Мостот Обербаум
Овој мост се протега над реката Шпре и поврзува две области во Берлин, Кројцберг и Фридрихшајн. За време на фестивалите на светлината туристите имаат можност за ноќно крстарење со брод.
Старата Градска куќа
Импозантната структура е лоцирана во близина на новата зграда на градската администрација. За време на фестивалите на светлина, вибрантните бои ја оживуваат, инаку, сивата зграда.
Берлинска катедрала
Ноќта на 16 октомври, најголемата катедрала во главниот град на Германија ќе изгледа вака.