1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
7 фотографии
Миљана Дашиќ / Тарик Бешлагиќ
12 септември 2019
https://p.dw.com/p/3PPrj

Улцињската Солана е затворена во 2015 година, по 81 година успешно работење. Освен што нејзините работници останаа без работа, а Улцињ без својот некогашен симбол, почнаа да исчезнуваат и егзотичните птици кои тука си имаа пронајдено свој дом. Просторот му е продаден на бизнисменот Веселин Баровиќ за да гради хотели. Сепак, под притисок на НВО-секторот и ЕУ, тоа подрачје е прогласено за Национален парк на природата. Како изгледа просторот на фабриката за сол во Улцињ четири години по нејзиното затворање? Тоа го истражи нашиот #dw_BalkanBooster тандем.