1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ули Хенес од денеска во затвор

ЕМФ/дпа2 јуни 2014

Најпознатиот германски даночен грешник, Ули Хенес, од денеска е на отслужување на затворската казна во Ландсберг на Лех. Хенес пред два и пол месеци доби затворска казна од 3,5 години за затајување данок.

https://p.dw.com/p/1CAV0
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Бајерн Минхен, Ули Хенес, од денеска (2.06) е на отслужување на затворската казна, соопштија неговите адвокати во Минхен.

Хенес на 13 март, во еден од најспектакуалрните судски процеси за затајување данок, беше прогласен за виновен во седум случаи и осуден на три и пол години затвор. Еден ден по соопштувањето на пресудата Хенес изјави дека ја прифаќа казната и дека нема да се жали. Тој веднаш поднесе оставка и на функциите претседател и шеф на Надзорниот одбор на фудбалскиот клуб Бајерн Минхен.

Хенес мора прво мора да биде сместен во затворено одделение на затворот. Во отворено одделение, што значи право на излез и на одмор, вообичаено може да биде пренесен по 18 месеци минати во затворениот дел. Хенес би можел да биде отпуштен од затвор по две третини одлежана казна доколку има добро поведение, односно тоа во неговиот случај би било по 2 години и 4 месеци.

Ули Хенес, инаку, поднесе жалба на одлуката да ја одлежи казната во затворот во Ландсберг на Лех, поради тоа што смета дека му е повредена приватноста. Имено, на крајот на март повеќе од 150 новинари го посетија затворот и можеа да ги видат дури и ќелиите. Освен тоа, тој стравува дека некој од останатите затвореници или чувари би можел за медиумите да издава детали од неговиот затворски живот. Затоа, тој побара да биде сместен во друг затвор, но ваквото барање очигледно е одбиено. На средината од мај поранешен затвореник од Ландсберг се обиде да го уценува Хенес, заканувајќи му се со проблеми во затвор. Тој беше уапсен при планираното примопредавање на парите.