Улични протести против израелската операција во Газа
3 август 2014Повеќе илјади луѓе вчера протестираа пред Белата куќа во Вашингтон против израелската воена операција во Појасот Газа. Многумина демонстранти вееа израелски знамиња и бараа крај на офанзивата во крајбрежната област на Блискиот Исток. На плакатите можеше да се прочита: „Крај со помошта на САД за еврејската држава“ или „Израел да се санкционира - една терористичка држава“. На еден транспарент израелскиот премиер се споредувал и со Хитлер.
Во близина на про-палестинските протести во Вашингтон демонстрираше и група ортодоксни Евреи, кои беа штитени од полицијата. Освен меѓусебните навреди немаше други инциденти на протестите.
Исто така и во главниот град на Чиле Сантијаго дојде до протести. Тука илјадници демонстранти ја повикаа претседателката Мишел Башле да го протера израелскиот амбасадор и да ги прекине дипломатските односи со Израел.
Во Франција демонстираа илјадници против изрелската воена операција. Истовремено на тапет се најде „срамното“ однесување на францсуката влада во конфликтот. Во Париз, Лион, Марсеј, Лил и други градови демонстрантите скандираа „Израел убијци“, држеа плакати во рацете со натпис „Ние сите сме Палестинци“. Нема информации дека на протестите дошло до насилни судири.