Убиени тројца американски војници во Авганистан
10 август 2012Нападот се случил минатата вечер во провинцијата Хелманд.
Станува збор за трет напад од овој вид во текот последните четири дена, што предизвика загриженост во командата на НАТО чии припадници ги обучуваат авганистанските безбедносни сили, кои до крајот на 2014 година треба да ја преземат контролата на безбедноста во земјата, за кога е предвидено повлекување на меѓународните сили од Авганистан.
Шест загинати цивили во експлозија во Авганистан
Минибус со патници денеска налетал на крајпатна мина во јужната авганистанска провинција Хелманд, во која претходно утрото мажот во униформа на авганистански војник уби тројца американски војници, јави канцеларијата на гувернерот на провинцијата.
Според портпаролот на канцеларијата на гувернерот на провинцијата Хелманд, Дауд Ахмади, покрај шестмината загинати патници, уште петмина се ранети. Сите загинати се членови на едно семејство, појаснил портпаролот Ахмади. Засега ниедна од активните бунтовнички групи коишто дејствуваат во немирната авганистанска провинција Хелманд, не ја презеде одговорноста за експлозијата. Хелманд, инаку, се смета за силно упориште на талибанските бунтовници чиј режим беше соборен во 2001 година со интервенцијата на меѓународната коалиција предводена од САД.
Според податоците на авганистанската независна комисија за човековите права, најголем дел од цивилните жртви се регистрирани во јужните делови на земјата, како последица на експлозии на бомби и подметнати експлозивни направи, но и во директни судири меѓу бунтовниците и безбедносните сили.