1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција ќе испрати војска во Сирија?

Томас Зајберт/ Жана Ацеска2 октомври 2014

Турската влада сака уште оваа недела во Парламентот да донесе закон за можна интервенција во Сирија. Иницијативата доаѓа по промената на курсот на Анкара.

https://p.dw.com/p/1DO2I
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Yunus Tosun

Анкара се откажа од својата почетна позиција „без мене“ и сака да ја поддржи меѓународната коалиција против Исламска држава, предводена од САД, но притоа без да ги зазгуби од предвид сопствените цели во Сирија.

„За Турција најважниот проблем останува режимот на Асад во Сиирја“, вели Окај Генесин, колумнист во дневниот весник „Ватан“ во разговор за Дојче веле.

Можеби Вашингтон и‘ ветил на Турција позасилен ангажман против Асад. За возврат, Ердоган се согласил на учество во алијансата протув ИД, смета Генесин.

Без оглед на опасностите предизвикани од борбите меѓу ИД и сириските Курди на турската граница кај Кобани и и покрај заканите на ИД со напади врз Турција, Анкара со недели се двоумеше да учествува во меѓународен сојуз против џихадистите. Дури при посетата на Њујорк, каде учествуваше на Генералното собрание на ОН, турскиот претседател Реџеп Таипр Ердоган најави радикална промена на курсот.

„Условите се променија“, изјави тој. Ослободувањето на речиси 50 турски заложници, кои три месеци беа во рацете на Исламска држава, овозможија на Турција да и‘ се одврзат рацете.

Ердоган сака тампон зона

Ердоган сега предлага проширување на нападите врз ИД во Сирија, забрана за летови над делови на Сирија и создавање тампон-зона врз сириско тло. За тоа тој разговарал со американскот претседател Барак Обама, изјави Ердоган минатата недела.

Колумнистот на „Ватан“, Генесин и други аналитичари претпоставуваат дека Ердоган со американски претставници разговарал околу борба против Асад.

Турскиот парламент утре (02.10.2014), веднаш по долгата летна пауза, треба да го разгледа законот за испраќање војска во Сирија. Точната содржина на законот не е позната, но тој треба истовремено да значи и правна основа за можна мисија и во Ирак. Ердоган ги притиска САД да не ја ограничуваат акцијата само на воздушни напади врз позиции на ИД, вели Ојтун Орхан, експерт за Блискиот Исток во анкарскиот Центар за стратешки студии за Блискиот Исток (Орсам).

Suruc Grenze Türkei Syrien Flüchtlinge Stacheldraht Roter Halbmond 27.09.2014
Фотографија: Reuters/Murad Sezer

„Станува збор за подолгорочните социјални и политички причини за создавање на ИД“, вели Орхан за Дојче веле.

Без ограничување врз Исламска држава

Турските владини политичари истакнуваат оти бруталноста на режимот на Асад во Сирија, како и запоставувањето на сунитските муслимани во Ирак, каде владеат шиитите во минатите години придонесоа за радикализирање, ја наведоа водата на воденицата на екстремистите. Ова „мочуриште“ мора да биде исушено, вели Ердоган.

Важен чекор на овој пат е јакнењето на неџихадиските сили во рамкитена сириската опозиција. Единиците на Слободната сириска армија, која своевремно беше создадена на тлото на Турција, би можеле да бидат вооружени и обучени во тампон-зоната во Сирија, на која инсистира Ердоган, известува турскиот весник „Евренсел“. Во тампон-зоната освен тоа би можеле да бидат згрижени и Сиријците на кои им треба помош, без да мораат да бегаат во Турција. Анкара веќе зборува за околу 1,5 милиони Сиријци на своја територија.

Курдите се сомничави

Курдите од двете страни на границата пак со недоверба гледаат на повиците за тампон-зона. Тие ја сомничат Анкара дека сака само да ги спречи нивните стремежи за автономија. Хасип Каплан од турската Курдска партија ХДП ја обвинува владата: со тампон-зоната сака да се справи со автономната курдска сириска област Ројава. Енвер Мислим, шеф на курдската самоуправа во градот Кобани, е цитиран во весникот „Евренсел“ со зборовите-Анкара намерно го преувеличува бројот на бегалци од Кобани во последните недели, за да го легитимира создавањето на тампон-зона на сириска територија.

Дали и како ќе биде реализирана тампон-зона, засега е нејасно.Останува неодговорено и прашањето кои земји освен Турција би го презеле военото обезбедување на зоната. Ердоган меѓутоа не дозволува да биде одвратен од неговиот план. Исламска државане може да биде победена само од воздух, вели тој:

„Без копнена операција, ниеден град не е долгорочно безбеден“.