1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателскиот систем ја прескокна првата пречка

СН/ агенции
30 декември 2016

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дојде еден голем чекор поблиску до посакуваниот претседателски систем.

https://p.dw.com/p/2V33s
Türkei Erdogan in Ankara
Фотографија: picture-alliance/AA/G. Yilmaz

Првиот шаховски потег на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на неговиот пат кон поголема моќ успеа. Отворен е патот за гласање за уставните реформи во турскиот парламент.

Парламентарна комисија за уставни прашања денеска ги одобри нацрт-уставните амадмани, со кои во голема мерка ќе бидат проширени овластувањата на претседателот.

Пакетот уставни реформи, според волјата на владејачката партија АКП, треба да овозможи претседателот на државата од главно церемонијална улога да добие целосна извршна власт во земјата. АКП за тоа има поддршка од ултранационалистичката опозициска партија МХП.

Нацрт- амандманите беа усвоен по десетдневна остра дебата на членовите на комисијата од владејачката и од главната опозициска партија ЦХП. 

Се очекува парламентот за амандманите да гласа во наредниот месец,  а за нивно усвојување се неопходно 330 од вкупно 550 пратенички гласа.  Владејачката партија АКП и најмалата опозициска партија МХП заедно имаат доволно мнозинство.  Според желбата на Ердоган конечната одлука за уставните реформи треба да ја донесат граѓаните на  референдумот по тоа прашање кој би можел да биде одржан на пролет.

Türkei Ankara Parlament Innenaufnahme
Парламентот во АнкараФотографија: picture-alliance/AA/E. Top

Со реформите, доколку бидат усвоени, истотака треба да биде продолжен мандатот на претседателот.

Критичарите на предложените мерки стравуваат дека претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој веќе го прошири своето влијание врз партијата и владата, преку претседателскиот систем ќе владее со земјата без никакви контроли и ограничувања.  Опозициските партии ЦХП и прокурдската ХДП остро ги критикуваат планираните уставни реформи и ја гледаат Турција на сигурен пат кон диктатура.