1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Тркалезна маса“ во Киев без проруските сепаратисти

АТ/ дпа/ афп/ ртр/ дв14 мај 2014

Денеска (14.05) во Киев треба да се оддржат преговори за изнаоѓање дипломатски излез од украинската криза. На „тркалезната маса“ не се поканети проруските сепаратисти.

https://p.dw.com/p/1BzOc
Фотографија: ap

И покрај сѐ поострите конфронтации во кризата во Украина надежите се свртени кон посредничките преговори на „тркалезната маса“, кои денеска се одржуваат во Киев. Меѓутоа на преговорите не се поканети претставници на проруските сили од истокот на поранешната Советска република. Прозападната преодна влада одбива преговори со сепаратистите, какви што бара Русија.

На преговорите со посредништво на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се очекуваат претставници на владата како и политички и општествени претставници од одметнантите кризни региони Доњецк и Луганск.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамајер до последен момент во Украина се залага за идејата на „национален дијалог“ меѓу прозападните и проруските табори, кои со недели тешко вооружени стојат едни против други.

Во меѓувреме пристигнуваат информации за нови борби во близина на источно-украинскиот град Славјанск. Проруските сили, според сопствени наводи, убиле најмалку осум војници на владините трупи, а повредиле уште седдумина. Се вели дека загуби претрпеле и сепаратистите.