Закон и правосудство
„Трите“: Досие за Катица, Ленче и Фатиме (трет дел)
10 ноември 2017Реклама
Пред повеќе од две години, на 15 септември 2015 беше формирано Специјалното јавно обвинителство со задача да ги истражи кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Трите водечки обвинителки на СЈО, Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи во меѓувреме станаа препознатливи не само во Македонија, туку и надвор од границите на земјата. Овој документарец на порталот „А1он“ дава несекојдневен и ексклузивен поглед во нивниот приватен живот и професионалните обврски. Погледнете го третиот дел: