1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Традицијата на тетовирање на католичките жени во Босна

Марина Мартиновиќ
25 март 2017

Традицијата на тетовирање на рацете на босанските Хрватки изумира со последните носители на тој стар обичај. Некои од нив сѐ уште живо се сеќаваат кога како девојчиња биле „боцкани“.

https://p.dw.com/p/2Ztuj
Tattoos bosnischer Kroatinnen
Фотографија: DW/M.Martinovic

Традицијата на тетовирање на рацете на католичките жени во средна Босна полека изумира. Последните тетоважи, или како што жените ги нарекуваат „боцкања“, биле ставани до средината на 50-те години на минатиот век. Се претпоставува дека традицијата започнала за време на Османлиското владеење и воглавно претставувала некој вид заштита за жените кои би можеле да бидат цел на владетелите или принудени да преминат во ислам. Некои босански историчари наоѓаат докази и дека традицијата можеби била и постара и потекнувала уште од античко време, во времето кога централна Босна ја населувале Илирски племиња. 

Традицијата на тетовирање на католиците во Босна