1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Твитер сака приход од една милијарда долари

АТ/афп/дпа/ртр4 октомври 2013

Долго време Твитер беше претпријатие за кое беа познати само малку деловни детали. Но при влез на берзата фирмата мора да ги стави картите на маса.

https://p.dw.com/p/19tl4
Фотографија: picture-alliance/dpa

Три недели по најавата за влез на берзата, Твитер го обелодени својот берзански проспект. Според него ова претпријатие сака да стекне приход од една милијарда долари (740 милиони евра) со продажба на акции. Притоа младото претпријатие досега забележа големи загуби.

500 милиони твитови секојдневно

Она што треба да ги привлече инвеститорите е широката распространетост: според објавениот берзански проспект Твитер месечно има повеќе од 215 милиони активни корисници, 100 милиони пак секојдневно ги користат услугите на Твитер „и тоа речиси во целиот свет“. Корисниците пишуваат околу 500 милиони твитови секојдневно - познатите кратки пораки со најмногу 140 знаци.

Платформата, која на почетокот беше исмевана како место за денгубење, во изминатите години доби сѐ поголема политичка и општествена релевантност. Демонстрантите во арапскиот свет го користеа Твитер, за да избегнат државна цензура и да ги координираат нивните активности. Твитер исто така е омилен и меѓу политичарите и естрадните ѕвезди, кои преку кратките пораки комуницираат со избирачите или фановите.

Сѐ уште без добивка

Со објавувањето на берзанското портфолио, осум години старото претпријатие за првпат дозволува увид во деловните податоци. Според нив, обртот во првата половина на 2013 година изнесува 253,6 милиони долари, а загубата изнесува 69,3 милиони долари. Од 2010 година претпријатието нема остварено добивка.

Главен извор на приходи за Твитер се рекламите, кои се пренесуваат со струјата вести. Наспроти приходите од рекламите стојат високите трошоци за сметачките центри, новите производи и маркетингот.