Талибанците најавија офанзива во Авганистан
27 април 2013Екстремистите најавуваат дека се планираат и напади врз домашните безбедносни сили, од страна на лица кои ќе се вовлечат во редовите на авганистанската армија и полиција. Талибанците најавуваа „пролетни офaнзиви“ и во претходните години. Минатата година по заканата следуваше 18-часовна престрелка околу западните амбасади, главното седиште на ИСАФ и зградата на парламентот во Кабул, како и повеќе самоубиствени напади.
Почетокот на борбите, по острата зима во Авганистан, годинава е особено во фокус поради тоа што ИСАФ се‘ повеќе задачи предава во рацете на авганистанските безбедносни сили. Мисијата на ИСАФ, која во моментов брои 130.000 војници, до крајот на годинава треба да се намалува постепено. Потоа Авганистанците би требало самите да се грижат за безбедноста во земјата.