1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Талибанците го одмаздуваат убиството на Бин Ладен

13 мај 2011

Во два самоубиствени напади извршени едно по друго во тренинг центар на пакистанската погранична полиција загинаа најмалку 80 лица. Одговорноста за нападот ја ја преземаа пакистанските талибанци

https://p.dw.com/p/11FIk
Сцена по смртоносните напади во ЧарсадаФотографија: AP

Двајца талибански бомбаши самоубијци ја претворија во пекол академијата за кадети за пограничната полиција во градот Шабкадар во севрозападен Пакистан.

Експлозиите одекнале во моментот кога новите кадети на Академијата на пограничната полиција се качувале во автобуси за да заминат на краток одмор откако го завршиле курсот во академијата.

Напаѓачите се приближиле до академијата на моторцикл. Еден до напаѓачите го активирал експлозивот во близина на автобусите а вториот се разнел себеси кога на местото на првата експлозија се собрале луѓе во обид да им помогнат на некои од повредените.

Karte Pakistan mit Stadt Charsadda
Градот Чарсада се наоѓа во снемирниот северо- западен дел на Пакистан

Одмазда за смртта на Бин Ладен

Нашир Ахмад Билур заменик главен министер на северозападната провинција Кибер Пактува изјави дека најголем дел од 80 загинати лица во нападите биле регрути, но и оти загинале и цивили. Болнички извори говорат за преку 115 повредени лица.

Талибанците во Пакистан ја преземаа одговорноста за нападот како одмазда за убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој оддржуваше блиски контакти со талибанците.

Пограничната полиција на Пакистан е на првите линии на фронтот во борбата против пакистанските исламистички бунтовници и честопати е цел на нападите на талибанците.

Градот Шабкадар се наоѓа на границата со Авганистан, околу 35 километри западно од Пешавар и од упориштето талибанските милитанти во Мохманд. Во изминативе неколку години, талибанците убија стотици луѓе во бомбашки и други напади ширум Пакистан.

Автор:СН/БГ/афп/дпа

Редактор: Симе Недевски