1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сѐ уште не е доцна да се спречат „неповратни климатски промени“

Ирене Квајле/ Симе Недевски3 ноември 2014

Просечната температура на воздухот на планетата е се’ повисока, океаните се се’ „покисели“ поради присуството на ЦО2 во нив, а за се’ е виновен човекот. Екпертите од ОН бараат итна акција за да се спречи најлошото.

https://p.dw.com/p/1DfzR
Фотографија: Daniel Loretto - Fotolia.com

Пред почетокот на конфренцијата на ОН за заштита на климата во Перу, во еден извештај на експертите на светската организација се предупредува дека на планетата и’ се закануваат климатски промени кои ќе бидат неповратни. Промената на климата може да има „сериозни и далекусежни последици за човекот и целиот еко-систем“. Се’ уште има време со намалување на испуштањето на штетни гасови, првенствено јаглерод диоксид, да се спречи најлошото. Тоа е заклучок на извештајот кој во неделата (2.11.) го објавија експертите на ОН во Копенхаген.

Овој извештај нема некои нови посебни информации, но начинот на кој што е напишан упатува на итност во делувањето. Тој ги содржи и обединува заклучоците од поранешните извештаи за доказите за климатските промени, нивните последици и препораките што треба да се стори.

Тоа е основата врз која почиваат подготовките на светските влади за наредната Конференција за заштита на климата која ќе се одржи во Перу.

Dürre in Honduras El Nino Archiv
Фотографија: picture-alliance/dpa

Потребна е итна акција

Извештајот не остава ни малку простор за сомнеж во доказите дека навистина доаѓа до загревање на планетата кое е предизвикано од страна на човекот, оти тоа веќе сега има опасни последици, но укажува и на можноста дека трендот на зголемување на температурата веќе сега е незапирлив .

Емисијата на штетни гасови мора брзо и значително да се намали за да може зголемувањето на температурата да се одржи во граници под 2 целзиусови степени, тврдат стручњаците. Само така би се спречиле екстрeмни последици од промена на климата, како што се невремиња, поројни дождови, суши и зголемување на нивото на морињата.

Овој извештај укажува и на тоа дека ваквите промени водат и до насилни конфликти и зголемен број на бегалци. Тие ги загрозуваат жетвите и производството на храна. Се укажува и на уште една одлучувачка промена на еко-системот: океаните стануваат се’ „покисели“ бидејќи акомулираат се’ повеќе јаглерод диоксид од воздухот. Тоа го загрозува животот на водниот свет. Според некои сценарија, доколку не се намали испуштањето на штетни гасови, до крајот на овој век просечната температура на планетата би можела да се зголеми и до 4 Целзиусови степени.

Bildergalerie Australien weltgrößtes Netz Meeresschutzgebiete
Фотографија: AP

Политички интереси влијаеја врз содржината на извештајот

Пред да биде објавен овој извештај претставниците на одделни влади бараа да го „прочешлаат“. Владите се обидоа да влијаат врз изборот на зборови кои се користат за да ги засилат своите позиции во преговорите. Поднесени се над 2.000 коментари на првиот нацрт извештај.

ЕУ бараше во извештајот попрецизно да се нагласат последиците на идните климатски промени за тоа да послужи како основа за преговори на оние кои донесуваат одлуки на политичко ниво. Заедно со САД, Унијата бараше во извешајот да се нагласи дека последиците од идните климатски промени посилно ќе ги погодат и богатите земји.

САД бараа и овој документ да биде јасен и за оние кои не се разбираат премногу во климатските промени. Експертите тврдат дека токму за државите каде има голем сомнеж во наводите за тие промени е важно со графикони да се покажат последиците до кои би дошло доколку не дојде до итно делување.

Саудиска Арабија бараше во извештајот да се спомене и тоа дека порастот на просечната температура на воздухот во годините по 1998. година се одвива малку побавно отколку порано. Оваа земја е позната по тоа што ги ублажува тврдењета за можните катастрофални последици од климатските промени. Најголемиот произведувач на нафта во светот бараше во извештајот на експертите да се вклучат и податоците за „негативните“ ефекти од можно намалување на потрошувачката на фосилни горива, како финансиските загуби за државите како неа.

Symbolbild Klimaschutz Wetterveränderung
Фотографија: picture-alliance/dpa

Консеквенци за учесниците на собирот во Перу

Невладините организации како Гринпис, ВВФ и Џерманвоч сметаат дека извештајот покажува оти се’ уште не е доцна да се запрат опасните промени. Тие исто така веруваат дека рокот тоа да се случи е 2020. година. Светот до оваа година мора да го „исклучи прекинувачот“ и да почне во многу поголема мерка да користи обновливи извори на енергија, да се остварат штедења во потрошувачката и да се запре сечењето на шумите.

„Ако продолжиме да се однесуваме како досега, тогаш во наредното десетлетие ќе ја загубиме можноста да се ограничи зголемувањето на температурата“, предупреди генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Неговото присуство за време на објавувањето на извештајот само потенцира колкава важност на сето тоа му придаваат ОН.

Претстојната Конференција за заштита на климата која ќе се одржи во Перу би требало да биде основа во Париз во 2015. година да се потпише нов меѓународен договор за климата кој ќе го наследи Протоколот од Кјото.

Дебатата околу тоа кои реченици ќе се појават во овој извештај покажува оти патот до новиот договор нема да биде лесен.