Финале во фудбалската провинција
8 август 2017Во репортажата од Скопје известувачот на „Шпигел“ ја опишува летната жега во главниот град на Македонија и наведува дека и тимот на Реал Мадрид и тимот на Манчестер Јунајтед се уморни по подготовките за сезоната.
„Сепак, мора да настапат во жешкото Скопје, конечно победникот добива три милиони евра. Инаку, натпреварот е пред сѐ реклама за фудбалскиот бизнис. УЕФА за таа цел ги испраќа топ-тимовите од континентот и во своите помали членки. Од 2013 година домаќинот на Суперкупот се менува секоја година. По Прага, Кардиф, Тбилиси и Трондхајм, сега на ред е Скопје.
Фудбал и Македонија - тоа од спортски аспект не оди едно со друго уште од приклучувањето во УЕФА, во 1994 година. При сета почит, но би требало да има многу поголемо Европско Првенство од првенство како ова, надуено со 24 репрезентации, за двомилионската земја да може да се квалификува за ЕП. Во минатата рунда квалификации за првиот турнир со 24 репрезентации, во 2016., земјата за која игра поранешната ѕвезда на Интер, Горан Пандев, беше последна во својата група, зад Луксембург. Затоа, играњето на Суперкупот со Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед би требало да придонесе за фудбалска еуфорија во Македонија.“
На крајот од својата репортажа, новинарот наведува дека Македонија „би требало и да профитира од вниманието кое е насочено кон фудбалскиот натпревар“ и да „се прикаже во нов сјај“. „Дали тоа ќе успее? Ако ништо друго, нозете на Кристијано Роналдо и компанија мора да дадат свој придонес.“