Стогодишниот сосед на германската репрезентација
4 јули 2014Музиката подмладува. Тоа очигледно важи и за Еноке. Роден е во 1913. година.
„Многу танцував и сретнував убави девојки, кога бев многу млад. И така продолжив да живеам“, вели старецот.
Во Санто Андре тој дури поседува и сопствена табла за улица За 100-годишниот човек ова е второ Светско првенство во неговата земја. Во 1950 година меѓутоа речиси и да не видел ништо. Фудбалот во овој дел на Бразил станал популарен дури подоцна.
„Ривелињо беше првиот фудбалер кој воопшто го знаев и сметав дека е добар, потоа дојдоа Пеле ама и Гаринча. Повеќе не можам да се сетам на сите тие добри играчи“, раскажува Еноке.
Кога бил роден немало телевизори а денес го гледа секој натпревар на Мундијалот. Девет деца, 44 внуци и 20 правници во меѓувреме има Еноке. Една внука работи во тимскиот хотел на германската репрезентација. Така тој речиси од прва рака знае што се случува во германскиот тим. На прашањето за кого би ги стискал палците при можното полуфинале меѓу Германија и Бразил, одговара како добар домаќин: „Ќе бидам за Германија“
Гласот сепак малку му заигра. Во полуфиналето против Франција меѓутоа тој сигурно ќе биде за Германија. А на играчите им дава еден совет: „Мора да бидеш фер. Ако некој ти ја земе топката, пушти го да мине“
За крај отпеа уште една серенада за германската репрезентација: бразилската национална химна, без оглед што и да сакаше да каже со тоа