1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средба на Црвенковски со генералниот секретар на ОБСЕ

2 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bm04

Македондкиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Скопје го прими генералниот секретар на ОБСЕ Марк Перин Де Бришамбо. На средбата Де Бришамбо истакна дека активностите на ОБСЕ се насочени кон поттикнување на реформите во Македонија што водат до ЕУ и НАТО рече генералниот секретар на ОБСЕ. Македонскиот претседател Црвенковски од своја страна исто така потенцираше дека сегашните приоритети во соработката се: достигнување на стандардите и исполнување на условите и критериумите за евроатланското интегрирање на Македонија. Претседателот Црвенковски и амбасадорот Де Бришамбо заеднички констатираа дека во врска со косовскиот статус, најдобро би било доколку се постигне договор меѓу Белград и Приштина и меѓународната зедница изгради заеднички став.