1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не ги чепкајте банките, господине Шолц!

Хенрик Беме
19 март 2019

Дојче банк и Комерцбанк оскудно потврдија дека разговараат за спојување „без однапред одреден исход". При тоа може да има само еден единствен исход, се надева Хенрик Беме.

https://p.dw.com/p/3FFwu
Deutschland Blick auf Skyline Frankfurt Fernrohr
Фотографија: Imago/imagebroker

Во берлинскиот владин кварт очигледно кружи некој вирус. Таму во последно време постојано се зборува за „национални шампиони" кога се работи за германската економија. Најнова жртва е сега Дојче банк. Таа, некогаш единствена светски позната германска банка, треба по желба на министерот за финансии да стане таков нов шампион и за да се постигне тоа треба да се спои со Комерцбанк.

Со недели кружат озборувања, па министерот ќе нафрли по некој коментар и конечно се дознава дека банките всушност подолго време во најтесен круг водат преговори. Од оваа недела е јасно дека и официјално има разговори за да се види што би донело такво спојување. Сето тоа е чист дилетантизам. Ако двете банки самоиницијативно пројавиле таква желба, тоа ќе беше направено на начин што никој немаше да дознае. Ќе се комуницирало со кодирани мејлови, проектот ќе се водел под шифрирано име и за него ќе знаеле само малкумина упатени, а јавно ќе се искомуницирал дури тогаш кога тоа ќе го бараат берзанските закони, односно во моментот кога навистина ќе имало што да се соопшти.

Оскудни соопштенија, безволно писмо

Но, откако притисокот од политиката се зголеми, двете банки во неделата мораа јавно да заземат став. И двете тоа го сторија во најкуса можна форма, Комерцбанк во една единствена подолга реченица, Дојче банк во четири покуси. Директорот Зевинг барем испрати и писмо до неговите соработници. Во него меѓу редови многу јасно се чита дека тој воопшто не го сака спојувањето. Во писмото се вели дека човек морал „да се занимава со прилики кога ќе се појават". Комерцбанк како прилика?

Boehme Henrik Kommentarbild App
Хенрик Беме

Од Дојче банк велат дека разговорите се „отворени" и дека нема гаранции за тоа дека ќе има „трансакција". Тоа можеби е реченицата која му е специјално наменета на сојузниот министер за финансии. Олаф Шолц изгледа по секоја цена сака фузионирање на двете банки.

Но.што ли е мотивот на социјалдемократот и вицеканцелар? Германија и натаму има 15 проценти од акциите на Комерцбанк како потсетник за тоа дека кога беше во криза мораше да биде спасена. А, зошто ли мораше? Заради тоа што кратко пред тоа ја продаде Дрезднер банк за девет милијарди евра. По финансиската криза политиката, и тоа не само германската, вети дека никогаш повеќе ниту една банка нема да биде спасувана со пари на даночните обврзници. Никој не го одржа ветувањето со оглед на тоа дека Италија на пример и натаму си ги спасува на ист начин пропаднатите банки.

Доколку навистина дојде до "Дојче Комерцбанк", државата би имала пет проценти акции од фузионираната институција. Тоа би можело да се сфати и како државна гаранција за нејзиното постоење. Новата банка и по билансот би била втора најголема банка во Европа веднаш зад БНП Париба и просто "too big to fail", односно преголема за да прпадне, и дури и во проблематични околности секако би била спасувана од државата.

Која е смислата

Исто како и претходно никој не може да објасни која треба да биде смислата на една ваква фузија и кои би биле предностите од тоа. Да се биде број 2 во Европа во банкарскиот сектор звучи супер, но тоа нема вредност на хартија. Бидејќи пазарната вредност изгледа многу помала. Двете банки си конкуриираат во одредени бизнис сектори, особено во финансирањето на средната класа. Токму кај ова таргет група, со многуте „тајни шампиони" во моментов има најголема загриженост. Бидеќи тие сакаат јасен соговорник во делот на финансирање на претпримништвото. И тоа може да го загубат ако двете куќи се спојат, бидејќи Олаф Шолц сака така.

Бидејќи со еден вакво спојување, новата голема банка многу повеќе ќе се занимава сама со себе: една фузија значи долгогодишно искористување на човечките ресурси, чини милијарди и најверојатно неколку илјади работни места. При тоа Дојче Банк во моментов има полни раце работа со тоа, Постбанк (најголемата банка со приватни корисници) по втор пат да ја интегрира. Првиот пат тоа беше неуспешно, а сепак чинеше милијарди евра. А сега плус уште една банка, со различен ИТ систем и со преклопување на бизнис областите. Тое едноставно не може да си го дозволат. Не, идејата за фузија на Олаф Шолц за една национална банка – шампион е лоша, да не речеме: таа е глупост. Останува да се надеваме дека во најмала рака разговорите меѓу двете банки нема да бидат под влијание на неквалификувани интереси од Берлин. Всушност Германија во делот на банките веќе долго време има национален шампион: многуте филијали на Шпаркасе, кои често важат за здодевен и скап апарат, во изминатава година заработиле над две милијарди долари. Така во 2018 беа драматично поефикасни од една Дојче Банк или Комерцбанк.

 

Boehme Henrik Kommentarbild App
Хенрик Беме Уредник за економија, со фокус на меѓународната трговија, автомобилската бранша и финансиите@Henrik58